Стаменковска Стојковски: Административци по насока на директори учествуваа во вчерашниот марш на СДСМ

Утринава добив информација од повеќе институции кои што се пожалија дека по насока на директорите на институциите заминале на вчерашниот марш во организација на СДСМ и ова не е случај само во една институција, туку во повеќе. Министерот Манчевски сам може да се увери бидејќи синоќа вработени во ЈСП Скопје изјавија дека се дојдени на маршот по насока на директорот, рече заменик-министерката за информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковски во емисијата „Само вистина“.

Стаменковска Стојковски додаде дека најавената мерка за к-15 на државната администрација од страна на СДСМ и Манчевски е класичен поткуп на гласачите потенцирајќи дека Министерството за финансии имало негативно мислење по однос на оваа мерка, како и дека Буџетот за 2020 година нема предвидено средства за оваа мерка.

-Како Манчевски дозволи да се потпише Колективен договор со добиено негативно мислење од министерството за финансии и министерката Нина Ангеловска. Со вакво негативно мислење министерот н смее да потпише колективен договор, а исто така за Колективен договор треба да се консултира министерството за труд и социјална политика, а тие немаат направено консултација. Сметам дека е манипулација бидејќи во Буџетот за 2020 година нема предвидено финансиски средства за исплаќање на к-15, а тоа значи дека административците се излажани. А денеска и Антикорупциска комисија излезе и кажа дека потпишување на колективни договори пред избори се смета за поткуп на гласачи, посочи Стаменковска Стојковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега