Манчевски: Нема да дозволиме притисок врз администрацијата пред избори како во минатото

Овој концепт на техничка влада беше донесен за решавање на политичката криза, и сега се поставува прашањето дали е потребна ваква влада без криза. Но сепак истата придонесува во зголемување на доварбата кај граѓаните, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во „Само вистина“.

Во однос на објавите дека е вршен притисок врз вработените од администрацијата да излезат на вчерашниот марш за правда организиран од страна на СДСМ, Манчевски вели дека се работи за лажни вести и дека голем дел од информациите биле проверени по што било утврдено дека се невистинити.

-Се работеше за серија на лажни вести дека вработените од администрацијата биле повикувани да излезат на маршот за правда. Во една институција проверивме, вработените беа таму, исто така во училиште во Куманово, имаше слика од празна училница, но не држи вода бидејќи во тоа училиште навечер настава има само една паралелка, вели Манчевски.

Тој додава дека владата апсолутно не смее, ниту пак ќе си дозволи дамка да падне на изборите од овој аспект. Манчевски вели дека во текот на следната недела ќе објави онлајн алатка каде вработените анониммно ќе можат да пријават евентуален притисок или прекшување на законите.

-Доколку има дојава истата ќе треба да се процесуира понатаму. Не смееме да дозволиме да ни се случат сликите од минатото каде имаше силни притисоци особено пред изборите врз вработените во јавната администрација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега