Манчевски: Нема ништо незаконито во вработувањата на Централниот регистер

 
Се работи за различно толкување на законите, во однос на тоа зошто Централниот регистар вработувал по Законот за работни односи,а не по Законот за административни службеници,истакна министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски во емисијата „Само Вистина“.
 
Тој посочи дека Централниот регистар не само сега ,туку  на истиот начин вработува со години, со оглед на тоа дека се работи за самостоен орган кој е и самофинансирачки 
и како таков не е  во опфатот на вработувања наменети за административни службеници.
 
  -Тука нема ништо незаконито, туку едноставно различно толкување на законите, истакна Манчевски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега