Стаменковска Стојковски: Законот за ЈО е донесен по насилен пат се со цел да се заштити криминалното работење на партиските структури на СДСМ

Не го поддржавме Законот за Јавно обвинителство бидејќи сметаме дека со овој закон ќе се прикрие криминалното работење на партиските структури на СДСМ, нагласи Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министерka за информатичко општество во „Само вистина“.

Таа додаде дека целата јавност е сведок за начинот и постапката на носење на законот, истакнувајќи дека стручни лица вршат анализа на целокупната постапка и дополнително ќе излезат со информација што ќе преземат во врска со законот.

Целата јавност знае за начинот на кој што се носеше овој закон, во моментот стручни лица во рамки на партијата прават анализа на самиот закон и на целата постапка како тој беше донесен и согласно тоа ќе излеземе со информација потоа, рече таа.

Според неа, СДСМ останала глува на забелешките и предлозите за подобрување на законот за Јавно обвинителство дадени од страна на универзитетските професори

-Имаше јавна дебата за законот каде што професори од правниот факултет стручни лица во оваа област ги дадоа своите коментари како би можело да се подобри овој закон, но СДСМ беа глуви за ова и не ги послушаа предлозите, кажа Стаменковска Стојковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега