Данев: Реформи во правосудството нема, власта вчера протестираше и покажа дека и самата не е задоволна од стореното

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 истакна дека експертите кои присуствуваа на јавната расправа во Собранието дадоа низа на забелешки, а ниту една од нив не беше прифатена и инкорпорирана во законското решние кое власта го донесе.

Тој посочи дека изминатите три години нема никакви реформи во правосудството, а за тоа говори и фактот што вчера власта протестираше и покажа дека и самата не е задоволна од стореното.

-Сите експерти кои беа присутни на јавната расправа во Собранието на Република Македонија дадоа еден куп забелешки за Законот кој што владеачкото мнозинство не успеа да ги инкорпорира како амандмани во законското решение. Ако сакаме да судиме бидејќи ние сме пред новите предвремени парламентарни избори за резултатите кои што оваа власта ги испорача во областа на правосудстовто, вчерашниот протест на позицијата или опозицијата, јас не знам како се дефинираат во моментот, во однос на правосудстовото и реформите на правосудството тие вчера дадоа индицијата и дека и самата власт не е задоволна од реформите во правосудството изминатите три години, вели Данев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега