ВМРО-ДПМНЕ: Зеќири потврди дека Кичеец се сретнал со братот на Заев и адвокат близок до него

На лагата и се кратки нозете, а последната на патолошкиот лажго Заев траеше само еден ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири вечерва ја потврдил, како што велат, крими средбата помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и веќе осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески Кичеец.

-Вчера по пресот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посветен токму на ПИ-мерките на кои е документирана средбата помеѓу Вице Заев и Зоки Кичеец, СДСМ преку партиско соопштение дрско излажа и ја манипулираше македонската јавност обвинувајќи дека без основа било посочено семејството на Зоран Заев. Од СДСМ обвинија и за ширење на лажни вести, а денес Зекири потврди дека СДСМ е изворот на сите лажни вести во Република Македонија и дека таква средба се случила. Целата македонска јавност заслужува одговор на прашањето што разговарал братот на тогашниот премиер со човек кој е веќе осуден за милионски рекет. Повеќе од јасно е дека Зоран Заев е главата на октоподот, човекот кај кој заврши торбата Луј Витон и уште многу други такви торби полни милиони украдени пари. Се ближи 12 апри, сите кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои изминативе три години се ставија во заштита на истиот, се вели соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега