Зекири: Нема шанса да направиме предизборна коалиција со ДУИ

Потпретседателот на СДСМ и пратеникот Мухамед Зекири, во синоќешната емисија “Отворено” на Телевизија 24 рече дека СДСМ е спремна за предизборна коалиција со сите партии на Албанците, освен со ДУИ.

 

-Ние сме отворени за соработка со сите политички партии на Албанците во земјава, освен со ДУИ, нема шанса со нив да се оди заедно во предизборна коалиција. Тоа е исклучено како можност и нема да се случи, рече Зекири.

Тој додаде дека за останатите партии вратите се отворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега