Огненовски: Сакаме „Демократи“ еднаш засекогаш да ѝ помогне на Македонија

„Предизборието е период кога се прават комбинаториките како да се настапи на изборите. За тоа дали ќе одат сами или се договара предизборна коалиција“, изјави за Утрински брифинг лидерот на „Демократи“, Јорго Огненовски.

Тој вели дека не гледаат политички субјект или партија кои што сакаат добро за народот и заради тоа ќе настапат сами на претстојните избори.

„Сите знаеме што направиле овие партии, што не сакам ни имињата да им ги спомнувам, овие 28 години. Ние пред избори, и после избори ќе одиме сами. Одиме сами до крај, сакаме „Демократи“ еднаш засекогаш да и помогне на Македонија“, вели Огненовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега