Јаулески: Младите во Република Македонија се соочуваат со огромни проблеми

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Јован Јаулески во утринско гостување истакна дека младите во државата се соочуваат со огромни проблеми како невработеност, иселување, корупцијата, и немање на перспектива.

– Сите сме свесни дека младите во Македонија се соочуваат со огромни проблеми. На прво место е иселувањето на младите, одливот на мозоци каде што видовме и на престижниот весник „The Economist“ дека се наоѓаме на 8-мото место на светот што е запрепастувачки а тоа го потврдува и фактот што многу наши врсници работат по рестораните по Западна Европа до дипломи на инженери, економисти и правници појасни Јаулески

Тој додаде дека исто така меѓу едни од најгорливите проблеми е и проблемот на владеење на правото и корупцијата и квалитетот на високото образование кое е многу ниско што според Јаулески е коренот на проблемите со кои се соочува македонското општество.

Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Јаулески, потенцираше дека тие активно се вклучено во креирањето на политики и изготвување на програма за претстојните парламентарни избори кои ќе резултираат со активни мерки за решавање на проблемите на младите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега