Костадинов: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, затоа Мицкоски е против овој Закон, изјави на прес-конференција, Костадин Костадинов, потрпарол и пратеник на СДСМ.

Тој нагласи дека со Законот за Јавно обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка. Дополнително, вели Костадинов, со законот се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага.

„Со ова се докажува дека извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да го заштити менторот од Будимпешта, Никола Груевски и другите сопартијци кои допрва ќе се соочат со обвиненија. Тоа се предмети во кои како осомничени се појавуваат функционери на ВМРО ДПМНЕ. Досието Моќник во кое осомничен е Антонијо Милошоски, предметот Актор во кој за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Понатаму, случајот Империја во кој се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, предметот Друмарина со Силвана Бонева, досието Пациент со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди. Сега е појасно зошто ВМРО ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски“, рече Костадинов.

Додаде дека СДСМ марширала за правда бидејќи од нивна страна исполнети се сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди, додаде Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега