Алијанса за Албанците: Апликациите за државјанство постари од пет години да добијат позитивен епилог

Проблемот со негирање на државјанството е проблем што долги години ги придружуваше Албанците во Северна Македонија, а истиот тренд продолжува и денес, реагираат од Алијансата за Албанците.

„Илјадници семејства кои законски ги исполнуваат сите услови за опремување со државјанство, сè уште не го стекнале ова право без никакво образложение од надлежните органи. Потсетуваме дека, токму ДУИ многу пати со своите досегашни партнери во владеење правеа измени во законот за државјанство со комплицирани процедури и честопати создавајќи екстремно тешки околности за лица без државјанство.

Во нашата земја државјанството се стекнува на два начина по потекло и природување, а во некои случаи и со раѓање на територијата на Северна Македонија.

Со оглед на второто, многу деца во земјава чии родители се без државјанство, за жал завршуваат исто така без државјанство иако законски родените деца од лица без државјанство се сметаат за македонски граѓани и имаат право да се регистрираат и да добијат уверение.

Алијанса за Албанците ќе побара од надлежните органи сите апликации за државјанство кои се постари од 5 години да добијат позитивен епилог.

Во една нормална земја, проблемот со без-државјанство се третира како многу важен проблем, но, за земја како Северна Македонија каде личните и партиските интереси ги надминуваат сите други интереси, ова прашање продолжува да се занемарува“, стои во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега