Ѓорѓиевски: Со очајнички потези Оливер Спасовски сака да го опструира работењето на техничката влада

Очајни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да го опструираат работењето на техничката Влада која треба да ги спроведе изборите. Стравот на СДСМ и Оливер Спасовски е дотолку голем да свесно прават кривични дела и кривични прекршоци за кои после 12-ти април ќе мора да одговараат, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако не им успеа лажната вест дека Наќе Чулев ќе си даде оставка од позицијата министер за внатрешни работи, вчера доцна вечерта, Владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев незаконски разрешува и поништува решенија за прераспределување на кадри во МВР, со што свесно вршат кривично дело фалсификат според член 361 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Срамно, очајно и противзаконски е Оливер Спасовски заедно со стручните служби од Владата, кои исто така подлежат на кривична одговорност, да вршат груб фалсификат на одлуки на седница на Владата. Одлуката која е објавена во Службен Весник е сосема различна од онаа која што е усвоена на Влада. Фалсификатот, почитувани е казниво дело за кое што се лежи во затвор и се одговара. Очигледни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да се спасат од целиот криминал кој што го имаат направено изминативе години. Криминалците Оливер Спасовски и Зоран Заев сакаат да се спасат од криминалот кој што го направиле, правејќи секојдневно нови криминали.
Оваа техничка Влада која треба да овозможи миниум фер и демократски избори, за жал нема ниту миниум услови за работа и секојдневно трпи опструкции од остатоците на Зоран. Заев и Оливер Спасовски, истакна Ѓорѓиевски.

Едно е јасно, почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кои следат и секој кој што направил криминал и се огрешил пред законите во Република Македонија ќе одговара.
Дојде крајот на криминалците Зоран Заев и Оливер Спасовски, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега