Мицкоски ја посети ОДВ електрик: Ќе инвестираме 2 милијарди евра за еден мандат во градба на патишта, тоа се свежи пари во економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја посети фабриката ОДВ електрик, а по посетата даде и изјава за медиумите.

„Разговаравме со менаџментот на компанијата, разговаравме со вработените, ни ги кажаа своите планови за развој во иднина овде во Македонија знаете тоа е странска инвестиција која што веќе егзистира подолго време, вработува некаде околу 500тина луѓе и планот им е да стигнат некаде околу 1000 луѓе, да го зголемат производството, а  на тој начин да се зголеми практично додадената вредност во македонската економија. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, оние кои што веќе и се познати на македонската јавност во делот на враќање на рамниот данок и комплетното укинување на прогресивното оданочување“ рече Мицкоски во изјава за новинарите.

Тој нагласи дека тука стануваше збор и за сите оние царински давачки кои што во овој момент им претставуваат навистина товар кој што претставува проблем, парафискалните давачки, процедурите, царинските и останатите процедури. 

„Но, истовремено разговаравме и за она кое што претставува најсериозен проблем и предизвик  би рекол за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина односно квалитетна работна сила, поради имиграцијата и поради практично сето она намалено би рекол ете  производство кое што доаѓа од образовниот систем. Но, и за тоа ќе има дел и во програмата. Продолжуваме од тука во Екошпар каде што повторно ќе разговараме со менаџментот, потоа сме со просветните работници, ќе разговараме и со нив и со занаетчиите и со останатите припадници во реалниот сектор. Очекувам успешен ден кој што на крајот ќе кулминира со состанок и една комитска вечер со раководството на ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид“ рече Мицкоски.

На прашање како ја оценува изјавата на Оливер Спасовски дека оваа кампања ќе биде една од највалканите кампањи, тој вели дека оркестарот свири според диригентот.

„Па видете диригентот, диригира како оркестарот ќе свири. Доколку тој не е способен за ова што се нафати, а очигледно е дека не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе има валкана кампања и да подготвени сме да одговориме на нивните нечистотии до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај“ одговори Мицкоски. 

Мицкоски демантираше  дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободи од сите досегашни и сегашни пратеници на партијата и дека Канческа Милевска веќе се вратила во ВМРО-ДПМНЕ.

„ Не е точно ниту едното, ниту другото. Она што можам да го кажам е дека пратеничките листи ќе бидат набргу познати. Најпрво ќе бидат познати носителите, како што вчера кажав во периодот меѓу први и пети март, а некаде околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи. Ќе дознае јавноста кој од постојните пратеници ќе биде дел од новиот парламентарен состав, ќе има како што кажав многу нови листи кои што ќе се најдат на пратеничките листи“ рече Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега