СДСМ: Мицкоски свири како што диригентот од Будимпешта му диригира

ВМРО ДПМНЕ и извршителот Мицкоски континуирано подолжуваат со валкана кампања и неосновани обвинувања, во отсуство на реални мерки и политики, велат од СДСМ.

-Извршителот Христијан Мицкоски потонат во очај и без идеи свири како што диригентот Груевски му диригира но не погоди ниту една нота, не успеа да оствари ниту една нарачака од Будимпешта.Извршителот Мицкоски седнат во Белиот дворец не успеа да го одбрани криминалот, не успеа да го спречи напредокот во ЕУ и НАТО и затоа продолжува да шири лажни вести и невистини, се вели во соопштението од СДСМ.

Тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен за валкани кампањи.

-Кршењето на Уставот од страна на Рашела Мизрахи, снимањето и притисоците пред камери на Цветан Трипуновски, вербалните напади на пратеничката Жаклина Пешевска кон нејзини колешки се само мал дел од низата деструктивни и валкани потези на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски. Таквото однесување ќе го ценат граѓаните и на 12 април повторно ќе го поразат извршителот Мицкоски и неговиот диригент Груевски и ќе порачаат: режим никогаш повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега