Николоски: Изборите нема да бидат фер, но и при такви услови ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебата со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во „Топ Тема“ истакна дека изборниот процес уште од самиот старт е дерогиран.

Според него, следуваат избори кои нема да бидат фер и регуларни, но и при такви услови ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ.

-Во однос на кампањата, стартот е многу лош се дерогира моделот на техничка Влада. ВМРО-ДПМНЕ требаше да има два министри во таа Влада, но сега за жал беше разрешена министерката за труд и социјална политика. Тоа не е во духот на договорот затоа што секогаш мнозинството може да менува министри од опозицијата, затоа што опозицијата нема мнозинство и во таа насока можевме истото да го пресликаме во 2016-тата година кога опозицијата тогаш СДСМ, повеќе од една година беше застапена во техничката Влада заради одлагањето на изборите па никој не помисли на таква работа. Така да разрешувањето на министерката е голем удар на кредибилитетот на изборите. Втор удар на кредибилитетот на изборниот процес се илјадниците вработувања кои се случија откако започна со работа техничката Влада и во услови на практично предизборие во тие 100 дена. Трета работа е сосотојбата во кое функционира МВР, вели Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега