Шекеринска: На ВМРО-ДПМНЕ уставното име му пречи само кога треба да се гласа за Законот за одбрана

ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето антизападно и анти-НАТО лице, и за последните 2 години направи се што можеше да го спречи членството во НАТО, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во „Топ тема“.

Според неа, на ВМРО-ДПМНЕ името му пречи само кога пратениците на таа партија треба да гласаат за Законот за одбрана.

- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оди под името Северна Македонија, а сечете вени за „секогаш Македонија“, ама Влатко Ѓорчев се потпишува да се платат трошоци на сметка на Собранието на Република Северна Македонија. Емил Димитриев вашиот поранешен премиер исто така нема проблем со името, ама кога требаше да се гласа за државата за која велите дека сакате НАТО членство да може да ја ужива заштитата во секој момент, за тоа не гласате. И јас денеска навистина можам да тврдам дека ВМРО ДПМНЕ пред 27 години зборувал за НАТО, но во последниве две години направи се што можеше па и нешто што не можеше да го спречи нашето членство во НАТО,заклучи  Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега