ВМРО-ДПМНЕ: Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет“

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата преку соопштение велат дека Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески - Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот.

„Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет“. Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?

Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.

Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец.

Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви.

Ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега