ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги корумпира, злоупотребува и врши притисок врз медиумите во Македонија

Медиумите под контрола на Зоран Заев изминативе неколку денови во повеќе наврати се фатени живи како шират лажни вести по нарачка од СДСМ, кој е во паника од претстојниот изборен пораз, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека 2,5 милиона евра од Унгарија завршиле во домашни медиуми.

„Зоран Заев ги злоупотребува медиумите, а Македонија е жртва на хибриден режим. ‘1ТВ’, за која и Заев тврдеше дека е провладина, беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата што се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13. МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во ‘Нетпрес’, само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите“, се наведува во реакцијата.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизијата „Алфа“, додаваат од партијата, се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

„Овој хибриден режим, заедно со СДСМ и Заев, на 12 април ќе падне од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува чесните и професионални обвинители да се охрабрат и да отворат предмет за улогата на Зоран Заев во случајот „Рекет“ и неговата инволвираност во финансирањето и активностите на рекетарската ‘1ТВ’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега