ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освен тоа што краде од граѓаните краде и од проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Заев го копира ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во проектите, се вели во соопштението од таа партија.

-СДСМ освен тоа што краде од граѓаните краде и проекти од ВМРО-ДПМНЕ. Автопатот Велес Прилеп Битола ќе го изгради ВМРО-ДПМНЕ. И кон тоа се обврзавме а денес тоа го вети и Заев со таа разлика што за 3 години не изгради ниту еден километар. Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека : ќе изгради експресни патишта од Куманово - бугарска граница, Кочани - Штип, Штип - Радовиш, Струмица-бугарска граница, Кавадарци - Прилеп и Битола-грчка граница. Дополнително во период од четири години предвидени се 1000 километри нов асфалт на регионалните патишта низ државата. ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и остварува. СДСМ имаше три години и не направи ништо. Не би направиле и во иднина. СДСМ лоповска нема кредибилитет, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа