Маричиќ: Ако Чулев не знае, Владата ќе најде начин за решавање на проблемот со пасошите

Тажна слика е како кадрите на ВМРО ДПМНЕ ги водат секторите во кои се поставени. За жал, во трка по ексклузивни информации и покривање на  лажните тези, дека министерот се бори против криминал и корупција, се доведе големата акција во ризик, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емијата „Патот кон“.

Вели дека со таквиот однос во опасност е акција со меѓународен канал која била започната кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи.

Според него, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада заради партиски интереси ги кршат Уставот и законите.

-За ситни поени се доведуваат под прашање големи операции. Имаме проблем во МВР и за вадење на патни исправи и лични документи. Жално е што Чулев и Мизрахи тераат лични партиски агенди и го крашат Уставот и законите и под прашање го ставаат целиот систем и неговото функцинирање. Овие министри се поставуваат заради изборите, да имаме фер и мирен процес а, не заради промоција на нови политики, не за да се докажуваат дека се подобри од некого и затоа се прават вакви киксови. И кога зборуваме за бегалците од правдата, сите што избегаа од државата се од партијата ВМРО ДПМНЕ, и Груевски и агентите од УБК – додаде Маричиќ

Тој најави дека ако Чулев не најде решение за пасошите, тогаш Владата е таа што го знае решението и ќе го реализира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега