ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите и криминалите на функционерите на СДСМ, Зоран и Вице Заев нема да останат неказнети

Криминалите на СДСМ излегуваат на виделина, велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека секојдневно граѓаните се сведоци на низа скандали кои ја тресат владата на СДСМ.

„Радмила Шекеринска, министерката за одбрана е вмешана во уште еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250.000 евра. Една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра.

Згора на тоа на повидок е нов бонбона бизнис. СДСМ на 50-тина дена пред избори го раскрчмува Тиквешко езеро и целиот воден фонд на Црна Река. Се отвора можност концесијата на Црна Река во целост да потпадне кај приватен партнер близок до СДСМ.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во случајот „Рекет“.

Со ова само се докажува дека Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.

Јавното обвинителство ова не смее да го премолчи и да останат пасивни набљудувачи.

Ваквите скандали и криминали не смеат да останат неказнети. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.

По 12-ти април, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе следува обнова на правосудниот систем кај што сите ќе одговараат пред законот и правото“ се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега