Стефан Васев: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе и државата и самата себе во долгови

ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, рече на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.

За време на режимот бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.

Во истиот тој период, додека граѓаните и државата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција.

Сега истата таа партија има долг од 8 милиони евра од кој, според сопствено признание голем дел е направен токму за време на претходното раковдоство.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат Груевски и Мицкоски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“ рече Васев во прес конференција за новинарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега