СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ се очајни и во страв затоа што ќе одговараат, затоа секојдневно шират лажни вести и конcтрукции

По носењето на Законот за Јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира, велат во соопштение од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски континуирано измислуваат и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести и конструирани случаи за претседателот Заев и за членови на неговото семејство. Ова е уште еден показател колку ВМРО-ДПМНЕ е безидејно и очајно поради неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал. Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат„ велат од СДСМ.

Од партијада велат дека СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост. Граѓаните се цврсто определени да го казнат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ наведуваат во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега