СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ делеше тендери во партија и по телефон, денес конструира непостоечки случаи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана, велат од СДСМ  во реакција на изјава на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува својот очај, безидејност и немањето што да им понуди на граѓаните, освен лаги и измислени конструкции Извршителот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април и одговорност за сите криминали на режимот. Затоа штанца лажни вести.Машините за кои обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби. За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес тендерите не се даваат во партија, цените не се договараат тајно и по телефон, како во времето туку со јавно објавени постапки. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот. Затоа, граѓаните на 12 април ќе го поразат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“ велат од СДСМ во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега