Визи за во Канада ќе се вадат во Скопје

Канадската влада отвора нов Центар за аплицирање за визи во Скопје. Со цел да се олесни аплицирањето за виза за граѓаните, канадското министерство за државјанство и имиграција ја проширува својата мрежа на центри за аплицирање за визи во целиот свет.

Во соопштението од Почесниот конзулат на Канада во Скопје се наведува дека службениците во центрите за аплицирање за визи се достапни на телефон, по имејл и лично за да одговорат на прашања на локалните јазици и за да проверат дали апликациите се целосни. Со тоа се избегнуваат непотребни одложувања или одбивања поради нецелосни апликации.

Инаку, центрите за аплицирање за визи не се вклучени во процесот на одлучување и немаат овластување да ги советуваат апликантите во врска со визите.

Лицата кои сакаат да аплицираат за виза за посета, за дозвола за студирање, за работна дозвола или за патен документ на постојан жител, можат да го сторат тоа во новиот Центар за аплицирање лоциран на улицата  Јордан Мијалков 50-а, во Скопје.

За повеќе информации посетете ја страницата cic.gc.ca/vac.

18.10.2013 - 12:50
Фото: 
Денешен

најчитано сега