Борис Кондарко си поднесе оставка

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко си поднесе оставка.

Како што јавува МИА, во оставката Кондарко бара да биде разрешен на наредната собраниска седница, а барањето е веќе доставено до Парламентот.

Инаку, Кондарко својата оставка ја најави пред два дена. Во СДСМ денеска се уште не ја потврдуваат информацијата дека Кондарко поднел оставка, но најавуваат прес-конференција во текот на денот.

Кондарко засега не е достапен за коментар.

18.10.2013 - 13:03
Фото: 
А1.он

најчитано сега