Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли да не добиеме датум за преговори со ЕУ, тоа е антидржавната матрица на Мицкоски

По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија. Нивната агенда е непроменлива - да ги загрозат  европските аспирации на државата, рече денеска на прес конференција потпаролот на СДФСМ, Костадин Костадинов.
 
„Тоа е единствената шанса за извршителот Христијан Мицковски повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал и криминалот на неговиот шеф Никола Груевски. Нивен последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија. Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира“ рече Костадинов.
 
Тој наведе дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.
 
„Тоа е антиевропско, антидржавно и антизападно дејствување на дело. ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека датумот на Северна Македонија ќе и се додели како резултат на успешните реформи и конструктивната дипломатија со Преспанскиот договор. Европската Унија не доделува датум на партија или на коалиција, туку на државата и на граѓаните, и ова во ВМРО-ДПМНЕ го знаат, но го користат за манипулација со европските лидери и амбасадори. Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата“ вели потпаролот на СДСМ.
 
Костадинов потенцираше дека СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси како што е полноправното членство во ЕУ и НАТО.
 
„Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат интегративниот процес на државата нема да успеат. СДСМ, граѓаните, институциите нема да дозволат враќање назад и ќе сторат се државата што поскоро да започне преговори со ЕУ“ рече Костадинов на прес конференција.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега