ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ шират лажни вести кои им се алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12 април

Кој во СДСМ го мести Костадинов со вакви смешни прес конференции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на потпаролот на СДСМ.

Од партијата велат дека Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени, Видовме како работи СДСМ за европската агенда: „договорено е со Врховен“, „без Заев не се може“, „трас-трас и ете одлука на Врховен суд“, „Катица знае за се што треба да се случи“, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината“ велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека жалат што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија.

„Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“ стои во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега