Мицкоски: Ако Заев е „капо ди тути капи“ на мафијата, тогаш неговите верни заштитници се Русковска и Јовески

Правдата е нападната од неправдата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест.

Вели дека судската и обвинителската власт се брутално згазени, а и оти аудио-материјалот покажал дека, како што рече, мафијатаја одзела слободата и правдата во Македонија.

– Тоа е мафија која три години е сојузник на криминалот. Тоа е мафија која диктира обвиненија и пресуди. Мафија која го негува режимот на Зоран Заев. Но, за сето ова е највиновен самиот Заев. Тој е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Тој е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија. На човекот не му е тешко да украде и да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, оти тоа му е најтешко. Слушнавме во снимките која била реалноста. Ќе се обидам да цитирам: без Заев не се може, трас-трас. Па така, ако Заев е капо ди тути капи на мафијата, тогаш неговите советници и неговите верни заштитници се Вилма Русковска и Љубомир Јовески, истакна Мицкоски.

Посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега