СДСМ: Мицкоски по налог на Груевски маршираше против правда, но колку и да се заканува криминалот на ВМРО-ДПМНЕ нема да го одбрани

 

Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали, велат од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски вечерва признал дека најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство, кој како што се вели во соопштението, кој обезбедува продолжување на сите предмети, кој е темел за градење силно и независно судство и обвинителство.

-Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски вечерва маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и како во годините на режимот со закануваа кон судии, обвинители, новинари и медиуми. Маршираше Мицкоски, а зад него старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата! Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда.

-Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев и нивните шефови Груевски и Мицкоски. Тие ќе одговараат пред правдата. Тие се симбол на неправда и криминал. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да протестира против правдата, но криминалот на својот шеф Груевски и своите пајташи нема да го одбрани. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега