Украдена торба со половина милион денари од комбе во Гевгелија

Крадец од Гевгелија си се збогатил за неверојатни 500.000 денари. Кражбата се случила синоќа околу 19 часот и 30 минути на улицата „Булевар Гевгелија“  каде засега непознат сторител од паркирано комбе „рено мастерм“, во сопственост на „Никол Трејд“, одзел торба во која имало 8.000 евра, 18.000 денари и лични документи.

На овој начин крадецот се збогатил за 500.000 денари. 

Полицијата работи на расветлување на случајот.

18.10.2013 - 13:50

најчитано сега