Поради апсењето на Шиповиќ советниците од СДСМ ја напуштија седницата во Град Скопје

Советниците на Сојуз за иднината, предводена од СДСМ ја напуштија седницата во Град Скопје во знак на протест против апсењето на Мирослав Шиповиќ.

Советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, и колегите од општина Центар, нема да присуствуваат на оваа седница на Советот на Град Скопје.

СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните.

Единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ Центар и Претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта. 

Бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Судот да не ја користи мерката притвор како казна за Шиповиќ и за неговото семејство.

Ја повикуваме власта да престане со притисок судот однапред да му пресуди на Шиповиќ а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар.

Очекуваме дека кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено функционирање на Општина Центар. 

Интегрален текст од реакција на Софија Куновска.

 

 

 

18.10.2013 - 14:36

најчитано сега