ВМРО-ДПМНЕ: Неказнетиот криминал е поопасен, а најопасен за правдата е Заев

Неказнетиот криминал е поопасен, а најопасен за правдата е Заев, зошто ја убива во цело, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на одговорот на Зоран Заев кој се однесуваше на Христијан Мицкоски.

„Околу реформираноста Заев не може да се пофали, тој и Шекеринска се во политиката од времето на транзицијата, но крајот на нивните кариери е на овие избори. Македонија не смее да има премиер кој крои обвиненија и диктира судски пресуди. Македонија не смее да има премиер кој функционира по принципите трас-трас пресуда,  му помогнавме на Боки, Катица е запознаена и едно евро за Вицето- едно за црквата“ велат од партијата.

 

ВМРО- ДПМНЕ наглсуваат дека Македонија не смее со Заев, затоа што Заев е опасност за државата, правниот систем и економијата и велат дека Заев е готов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега