Османи: Сојузот на Беса и СДСМ е на штета на албанските интереси

Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови, истакна  денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според него,  со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.  -Ние денеска сме разочарани заради фактот што тие денеска не постигнаа нивна унификација заради мали лични и групни интереси и нивните одлуки уште повеќе ги дефакторизираат албанските интереси, рече Османи на прес-конференција по денешното официјализирање на коалицијата на Движењето Беса со СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега