Зекири: Што се замислува Бујар, кој им ја истурка целата кампања 2017-та година?

Вечерва во телевизија телма гостува потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој што посочи дека ДУИ нема право да говори со кого СДСМ може да коалицира, бидејќи СДСМ ја има истуркано целата кампања за локални избори на ДУИ.

-Тие што нè обвинуваат денеска дека коалицијата со БЕСА била на штета на Албанците, мислам на ДУИ и на Бујар Османи, но тој заборава дека на чија штета беше коалицијата со СДСМ за време на локалните избори. На чија штета беше коалицијата на претседателските избори? Значи признаваат дека работеле против Албанците што дошле со СДСМ? Што сака да каже Бујар Османи? Мисли дека луѓето забораваат? Во однос на коалицијата за време на локалните избори, сите знаат и во партијата дека јас бев против таквата коалиција, потенцираше Зекири.

Зекири додаде дека СДСМ ја има истуркано целата кампања на ДУИ во 2017-та година, за локалните избори.

-Сега излегува збор дека СДСМ се одолжило на ДУИ за 2016-та година кога требаше да биде дел од владината коалиција. И се направил тој компромис за да се помогне на ДУИ иако јас пак сметам дека беше на голема штета на СДСМ, таа помош што им ја дадовме тогаш. Сега тие излагаат да кажуваат дека друга албанска партија нема право да дојде во коалиција со СДСМ, предизборно. Што мисли Бујар? Апсолутно се погрешни нивните ставови, појасни Зекири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега