Зеќири: ВМРО-ДПМНЕ моли да не добиеме датум за преговори и правеше притсок врз пратеници да не го гласаат Законот за ЈО

За првпат јавно ќе кажам дека пратеници на ВМРО-ДППМНЕ, меѓу кои и Илија Димовски и Антонијо Милошоски, трчаа низ ходниците на Собранието и убедуваа пратеници да не го гласаат Законот за Јавно обвинителство. Но, ние бевме решени, дека пред да се распишат изборите мораме да ги донесеме клучните закони. Како може да одиме на избори без да ги спасиме предметите на СЈО.

Ова во гостувањето на телевизија Телма го истакна потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, додавајќи дека политиката на таа партија станала препознатлива по носењето храбри одлуки.

-Граѓаните препознаваат кој носи храбри одлуки и кој мисли на нив. Луѓе од ВМРО-ДПМНЕ одат и лобираат да не добиеме датум за преговори со ЕУ затоа што сметаат така ќе не фаворизирале на избори. Од тоа добиваат граѓаните, не СДСМ. Веќе се прочитани во ВМРО-ДПМНЕ - изјавуваат дека се за НАТО и ЕУ, а во праксата прават се да не успее европскиот проект,- изјави Зеќири.

Во тој контекст го потенцираше, како што велат од СДСМ, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон уставното име на државата.

-ВМРО ДПМНЕ нема јасен став за името. Во спотовите за избори го повторуваат тоа „никогаш Северна“. Најавуваат дека ќе го ревидираат Преспанскиот договор, иако сите знаат дека тоа е неможно. Тие лажат, тие се лажни патриоти. Гласаа за Протоколот за НАТО, а не гласаа за Законот за одбрана. Ние треба да им ги отвориме очите на граѓаните и да им кажеме дека е време ВМРО-ДПМНЕ да престане да го лаже народот. Ние стануваме 30-та членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ, тоа е реалноста- рече Зеќири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега