Забрчанец: ВМРО-ДПМНЕ молеше бога да не станеме членка на НАТО, да не добиеме датум за преговори со ЕУ...

Посебниот советник во Владата, Марјан Забрчанец преку социјалната мрежа Фејсбук напиша неколку работи за што ВМРО-ДПМНЕ „молело бога“ да не се случат.

Според него, опозицијата „молела бога“ да не се врати евтината тарифа на струјата, да не се качи минималната плата, да не се постигнат договорите со Бугарија и со Грција, Македонија да не стане членка на НАТО, да не се донесе Законот за Јавното обвинителство, да не добиеме датум за преговори со ЕУ...

-... Да не се одземаат концесиите на рудниците што тие ги доделија.... да не ја качуваме социјалната помош за 300%, ако може ич да не ја качуваме... да не им ги најдеме и поправиме катастрофите по патиштата. ... да не расте откупната цена на тутунот. ... да не почне Мој ДДВ... да не го утнат банерот... да не склучуваме коалиција СДСМ - БЕСА... да не дува ветрот, напиша Забрчанец.

27.02.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега