Јаулески до Каевски: И вас ќе ви се подобри животот со доаѓањето на Мицкоски како премиер

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на „Клик Плус“ со претседателот на унијата на млади на СДСМ, Дарко Каевски, постави прашање дали е вистина дека поради коронавирусот и анкетите кои се поразителни, СДСМ сака да ги одложи изборите.

Каевски на ова одговори дека коронавирусот е многу сензитивно прашање за кое е невкусно да се дискутира на овој начин и потсети на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Намерно се молеа да има коронавирус, за да не излезе народот на улица“. Небаре секој ден искачаа на улица имаа илјадници луѓе, еднаш искочија на марш за неправда, диктиран од Груевски. Коронавирусот не е нешто со кое што треба да се игра со чувствата на граѓаните. Немојте да правите дневно политикантство од нешто што не треба да се прави политикантсво, посочи тој.

Во еден момент Каевски рече дека за среќа Мицкоски нема да биде иден премиер, а Јаулески му врати дека и на СДСМ ќе се подобри животот со доаѓањето на Мицкоски како премиер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега