Јанушев: Зоран Заев е „тегот” закачен околу вратот на земјава која влече надолу

Слушам како Заев свесен дека ќе доживее тежок пораз на изборите, тој и неколкуте негови мегафони говорат за тоа како ВМРО-ДПМНЕ лобирала да не добиеме датум за преговори. Каква провидна лага, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина не сакаше државата да добие преговори, ќе го оставеше СДСМ и Заев да ја упропастуваат, бидејќи тоа е најсигурниот пат да не добиеме датум за преговори, затоа што досега не исполнија ништо и не направија ништо.

Зоран Заев е “тегот” закачен околу вратот на земјава која влече надолу во однос на преговорите со Европската Унија. И во состојба кога државата ја направи најкриминална во Европа јасно е дека нема прав пат, единствениот кој е прав, за него и за сите кои се огрешиле е оној кон Идризово“, напиша Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега