ЕК: Македонија постигна високо ниво на усогласеност со ЕУ-законодавството

Во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата се посочува дека Македонија постигнала високо ниво на усогласеност со ЕУ во делот на  легислативата, политиките и административните капацитети со оглед на нивото на процесот на пристапување и дека вешто ги имплементирала и обврските кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација.

Клучните приоритети во однос на ЕУ-законодавството во следниот период, според ЕК треба да се акцентирање на административниот капацитет и механизмите за координација во рамките на државната администрација со цел да се обезбеди ефективно имплементирање на законодавството. Потребни се и понатамошни напори, се наведува, во области како што се регионална политика, животна средина и климатски промени, социјална политика и вработување и финансиска контрола.

1. Во делот на слободно движење на стоки, Извештајот констатира дека Република Македонија е во напредна фаза на подготовки и блиску до целосно усогласување со соодветните членови 34-36 од Договорот за функционирање на ЕУ. Има постојан напредок во европските стандарди усвоени како национални стандарди како и напредни подготовки во поглед на старите и новите закони и процедури.

2. Кај делот за слобода на движење на работници се нотира дека земјата продолжува со процесот на ратификација на билатерални договори за координација на системите за социјална безбедност и Владата веќе усвои Нацрт-одлука на Советот за стабилизација и асоцијација околу координација на системите за социјална безбедност.

3. Право за основање и слобода за давање услуги: Во областа на правото за деловно основање земјата воспостави единствена база на податоци за лиценци и дозволи. Во областа на слобода за давање прекугранични услуги подготвеноста на земјата добро се одвива. Во областа на взаемно признавање на стручните квалификации вече беа усвоени прописи за востановување и управување со записи и регистри за секторски и регулирани професии. Се забележува напредно ниво на усогласување во областа на поштенските услуги.

4. Слободно движење на капитал: Во областа на движење на капитал и плаќања каде што има одреден напредок, целосната либерализација ќе продолжи по преминот во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација за што РМ целосно ги исполни условите. Се смета дека подготовките добро се одвиваат, преку заполнатото постепено услогласување на регулаторната рамка за платежни системи. Напревие се исто така подготовки за зајакнување на институционалниоѕ капацитет во брорбата против перење пари и финансирање на тероризмот преку зголемен процент на извештаи за сомнителни ѕтансакции во претходната година.

5. Јавни набавки: Регистриран е добар напредок и напредна фаза на подготовки како и соодветена среднорочна стратегија за системот со доволен административен капацитет, како и речиси усогласено законодавство околу концесиите и јавно-приватно партнерство на ниво на сектори. Земјата е на добар пат во поглед на општите начела. Користењето на е-систем за набавки е зголемено и се смета дека земјата има одреден напредок во поглед на доделувањето на јавни договори. Во областа на системот за правни лекови земјата е во напредна фаза.

6. Право на трговски друштва: Се смета дека има одреден напредок во подготовките во оваа област преку воспоставен Независен совет за ревизија, како и функционален и зајакнат Институт за овластени сметководители.

7. Закон за интелектуална сопственост: Постигнат е одреден напредок на полето на Законот за интелектуална сопственост преку резултати во истрагата, гонењето и судењето за прекршувања на Законот.

8. Политика на конкурентност: Има добар напредок во полето на политиката на конкурентност и подготовките во оваа област се во напредна фаза со веќе воспоставена правна рамка и постојано подобрување на спроведувањето на законите. Подготовките во областа на антимонополското здружување вклучително и здружување се во напредна фаза. Правната рамка на полето на државна помош е подобрена, додека административниот капацитет на Одделението за државна помош е зајакнат.

9. Финансиски услуги: Се забележува генерален напредок во областа на финансиски услуги преку преземени измени на законите за банки и хартии од вредност, како и зајакнат капацитет на МАПАС. Подготовките во областа на банки и финанскиски конгломерати добро се одвиваат. Подготовките во областите на пазари со хартии од вредност и услуги за инвестирање исто така бележат добар напредок. На полето на осигурување и пензии се одвиваат тековни подготовки за спроведување на директивата Солвентност 2, како и соодветен капацитет на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

10. Информатичко општество и медиуми: Се забележува напредок во ова поле во поглед на спроведувањето на националното законодавство кај електронските комуникации и аудиовизуелната политика и подготовка на ново законодавство со цел да се усогласи со ЕУ-регулативата. Генерално подготопвките во оваа област добро се одвиваат. Во однос на аудио визуелната политика Извештајот забележува дека Нацрт законите за медиуми и аудио визуелни медиусмки услуги што беа предмет на јавен консултативен процес и консултации со сите релевантни меѓународни организации, вклучуваат одредби за успогласување на националното законодавство со Директивата за аудио визуелни медиумски услуги. Советот за радиодифузија усвои насоки за зајакнување на медиумскиот плурализам, спроведување на санкциите и фер натпревар во медиумскиот сектор. Советот го подобри свјот капацитет за мониторинг на содржините како и надзорот врз соспственоста и концентрацијата во медиумите.

11. Земјоделство и рурален развој: Подготовките во областа бележат делумен напредок. Има натаможем развој на полето на систем за интегрирана администрација и контрола, понатамошно зголемување на средствата за финансиска поддршка на земјоделството како и значително зголемување на средствата за рурален развој, каде подготовките добро се одвиваат. Во поглед на одржлив земјоделски информативен систем и мрежа на сметководствени податоци за фармите, има постојано подобрување во квалутетот на податоците и нивната веродостојност.

12. Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика: Добар прогрес е регистриран во областа на безбедност на храна и ветеринарна политика особено во однос на имплементација на напорите на Агенцијата за храна и ветеринарство и воведувањето на систем базиран на ризици за официјални контроли. Подготовките во областа на политиките за безбедноста на храна и ветеринарство се одвиваат добро.

13. Рибарство: Голем дел од закнодавството од областа на рибарството не е релевантен со оглед дека земјата не излегува на море, но државата постојано ги усогласува дата базите и регистрите кои се однесуваат на производство како и на трговија на свежа риба и на преработки од риба. Во 2013 алокацијата на финасиски средства за рибарство и водни култури е зголемен за една петина. Владата активно бара неформални договори со Албанија и Грција во однос на менаџирањето на ресурсите на Охридско, Преспанско и на Дојранско Езеро.

14. Транспортна политика: Во областа на транспортната политика има умерен напредок и потребно е дополнително усогласување на законодавството за безбедност на патиштата и железницата со Аки-то. Кај железничкиот и авиотранспорот продолжуваат усогласувањата со аки-то, а во напредна фаза се и подготовките во делот на водниот транспорт. 

15. Енергија: Постигнат е одреден напредок во областа на енергетиката, особено во однос на енергетската ефикасност и регулаторната рамка за пазарот на електричната енергија и пазарот на природен гас. Во областа на внатрешниот пазар на енергија се бележи умерен напредок, а во делот ан енергетската ефиканост работите добро напредуваат.

16. Даноци: Севкупно, постигнат е одреден напредок во текот на периодот за кој се известува. Интензивирана е административната соработка и меѓусебната помош помеѓу УЈП и Финансиската полиција преку размена на електронски податоци. Подобрена е наплатата на даноци, а проширени се и електронските услуги.

17. Економска и монетарна политика: Во оваа област подготовките се во напредна фаза. Во областа на монетарната политика, Народната банка ги подобрила своите капацитети во менаџирањето со девизните резерви како и во развојот на мерки за нестандардните монетарни политики. Во областа на економските политики новата претпристапна економска програма за 2013-2015 година содржи повеќе прецизни информации за макроекономската и фискалната рамка.

18. Статистика: Подготовките во оваа област се напреднати со добар напредок во неколку области, особено во статистичката инфраструктура и секкторските статистики.

19. Социјална политика и вработување: Националните капацитети за следење и евалуација на политиката за вработување се зајакнати. Стапката на невработеност е намалена на 28,8проценти. Усвоен е акциски план за вработување на млади за периодот 2012-2015 година, како и оперативен план со програми и мерки за активно вработување за 2013 година. Националната Агенција за вработување започна со процес на долгорочна модернизација. Што се однесува до социјалниот дијалог Економско социјалниот совет ја зајакна својата улога како форум за трипартитен социјален дијалог. Во однос на социјалната заштита во постојното законодавство извршени се измени со кои се поддржува вработувањето на деца без родители и се овозможуваат посебни додатоци за слепи лица. Во тек е реформа на пензискиот систем со регистрирано зголемување од 5 проценти на вкупниот пензиски буџет. Областа на антидискриминацијата унапредена е и имплементацијата на акцискиот план за 2012-2015 година на Комисијата за заштита од дискриминација.

20. Претпријатија и индустриска политика: Подготовките вооваа област имаат скромен напредок. Владата покажа добри резултати во поедноставување на постојната регулатива и имплементирани се мерките од третата фаза од регулаторната гилотина. Земјата ги имплементира принципите на актот за мали претпријатија и бизниси, а постигна напредок и во имплементацијата на Проценката на влијанието на регулативата. Во однос на инструментите за претпријатија и индустриска политика се посочува дека системот на регистрација на компании е организиран во форма на едношалтерски систем. Владата усвои стратегија за иновации за периодот до 2020 година како и акциски план за негова имплементација од 2013-2015 година. Владата има и неколку програми за поддршка  на промоцијата на извозот.

21. Трансевропски мрежи: Подготовките во оваа област се напреднати.Генерално продолжува развојот на транспортните мрежи. Нотирано е активно учество во Транспортната опсерваторија на ЈИЕ и Енергетската заедница.

22. Регионална политика и координација на структурните инструменти: Што се однесува до институционалната рамка подготвени се неопходните структури. Постигнат е одреден прогрес во подготовка на партиципативни инструменти и методи за вклучување на општините, граѓанското општество и приватниот сектор во креирањето на програми и имплементацијата на проектите. Подготовките во оваа област се умерено напреднати, како и во областа на мониторинг и еволуација.

18.10.2013 - 16:04