СДСМ: 600 евра просечна, 300 евра минимална плата до крајот на новиот мандат

За само две и пол години, минималната плата ја покачивме за 60 отсто или за 5.500 денари, а просечната за над 4.000 денари. Покажавме дека платите можат да растат во сите сектори. За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра, пишува СДСМ во соопштение.

„Во новиот мандат на СДСМ растот на платите продолжува и ќе биде и побрз и посилен.

Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари.

До крајот на 2024 година ќе обезбедиме 600 евра просечна, 300 евра минимална плата.

Вложувањето во човековиот капитал е вистинскиот, правиот пат.

Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен.

Продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро, и носиме голема победа за сите граѓани на 12 април“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега