Васев: Мицкоски молчи за расипничко испумпување пари од граѓаните и нивно префрлање на блиски од ВМРО-ДПМНЕ

Втор ден молк од извршителот Христијан Мицкоски за скандалот со криминално, расипничко испумпување пари од граѓаните и префрлање во џепови на негови блиски од ВМРО-ДПМНЕ, рече Стефан Васев од СДСМ.
 
 
„Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради него, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ. Како тогашен директор Мицкоски прво склучил еден Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, вреден 1.600.000 денари, за период од две години.Но тоа не било доволно и само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов Договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари за адвокатски услуги“ рече Васев.
 
Тој наведе дека само со овие два договори, за пет месеци, Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните!
 
 
„За граѓаните 100% поскапа струја од извршителот Мицкоски, ама за Тошковски 170.000 евра!
 
Извршителот Мицкоски делувал исто како неговиот шеф Никола Груевски во криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Со сомнителни шеми, парите на граѓаните завршувале кај лица од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа извршителот Мицкоски работеше против Законот за Јавно обвинителство, затоа што се плаши од правдата исто како и неговиот шеф во Будимпешта. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, освен криминал и одбрана на криминал ништо друго не можат.
 
Документите што ги добивме а коишто се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции.Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда. Извршителот Мицкоски, неговиот шеф Груевски, ги чека одговорност и уште еден пораз од граѓаните на 12 април“ рече Васев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега