МЗ: ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа лаги, клевети и неточни информации за министерот Филипче

На денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа лаги, клевети и неточни информации за министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, велат во реакција од Министерството за здраство на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека тоа се невистини и декаСтоилковски треба да се извини за:

„Прво, родителите на сопругата на министерот Филипче не располагаат со земјиште од 13 илјади квадратни метри, туку со околу 5000 квадратни метри, од кои најголемиот дел се земјоделство земјиште. Семејството гради само семејна куќа, на плац од 600 квадрати. Земјиштето е купено во 2015 година кога Венко Филипче не беше на функција министер за здравство.

Второ, компанијата која наводно се поврзува со министерот Филипче апсолутно не е на ниеден начин поврзана со него, ниту пак тој доделувал тендери за истата во висина од 7 милиони евра како што обвинува Стоилковски.

Трето, фирмата „Синерџи“ во Министерството за здравство има аплицирано на само една јавна набавка, којашто е во висина од 35 милиони денари, добиена во регуларна тендерска процедура.

Четврто и најсмешно, сопругата на министерот воопшто не се вика Маја како што наведува Стоилковски, што уште еднаш се докажа какви неточни, несериозни и лажни информации пласира Стоилкоски за дневно политички поени.

Оваа срамна прес-конференција со лажни обвинувања се должат на успешната работа на министерот и желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја дискредитира таа работа по секоја цена.

Уште пострашно е што во период кога министерот и медицинскиот персонал е посветен на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста' стои во реакцијата и дематот на Министерството за здраство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега