„Единствена Македонија“ го повика ВМРО-ДПМНЕ на на коалициски настап, но под неколку услови

Партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев ја повикува ВМРО-ДПМНЕ на заеднички коалициски настап на изборите на 12 април, но под неколку услови.

 

-Поништување на договорот со Грција за промена на името; Поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; Поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; Поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, Доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија. Единствена Македонија го следи решителното барање на народот за сплотеност и единство и силно верува дека овие определби се достижни и остварливи и дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право. Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. На потег е ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.

Тие и дадоа рок на ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни наредните 48 часа. Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за настапот на партијата на изборите на 12 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега