ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ донесе беда и сиромаштија во Македонија, граѓаните препознаа дека СДСМ се неспособна и криминална партија

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на СДСМ. Истите лаги кои ги користеа на минатите избори овој пат нема да им поминат граѓаните видоа дека СДСМ се неспособни за водење на економска политика, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствени вработувања кои СДСМ ги отвори се непотистичките и партиските вработувања во државната администрација, за која претходно велеа дека е пренатрупана. СДСМ не донесе ниту еден поголем инвеститор, напротив почнаа да ги бркаат странските инвеститори, а потенцијалните да не заобиколуваат и да одат во соседството.

Дека СДСМ нема донесено инвеститори призна и нивната министерка за странски инвестиции која два пати во јавноста не знаеше да каже барем една инвестиција која ја донесле во изминативе три години.

За односот на СДСМ кон инвеститорите и говори и фактот што германските компании во Македонија дадоа нула за работата на нивната влада во полето на економијата и даночните антиреформи.

Додека СДСМ лаже дека ја извадиле земјата од колапс, реалноста е сосема поинаква. Откако дојдоа на власт сиромаштијата дополнително се зголеми, над 500.000 граѓани едвај преживуваат, јавниот долг ја помина психолошката граница од 50% од БДП, а над 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната.

СДСМ има најмалку право да зборува за младите затоа што 140.000 млади се сиромашни, а повеќе од 70% од младите не ја гледаат својата иднина во Македонија, што говори дека СДСМ само го забрза трендот на иселување.

Младите, но и сите граѓани на Република Македонија ја гледаат бедата која ја донесе СДСМ, ги гледаат сите криминали, рекети, матни тендери и непотистички и партиски вработувања на СДСМ и нивните функционери.

Граѓаните гледаат кој работи за нивниот интерес, а кој работи за интересот на криминално-рекетарската банда на Зоран Заев.

На 12 април граѓаните ќе стават крај на мафијата на Зоран Заев и ќе одберат обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и политики за подобар и поквалитетен живот“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега