ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои ги нудиме се реални и остварливи

Повеќе работни места за младите, 0 проценти персонален данок за млади до 29 години, нов модел на реиндустриализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија, 4 милијарди домашни и странски инвестиции за еден мандат се само дел од проектите кои што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува пред граѓаните на Република Македонија да ги реализира, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Проектот 0 проценти персонален данок за млади до 29 години значи можност на младите луѓе својата иднина да ја градат во сопствената држава. Вo Македонија има млади луѓе кои што со својот талент ќе создадат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме за создавање на најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал. Со проектот модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија, планираме да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување, изградба на мрежа на извозни промотори за домашни извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во својот 4 годишен мандат да донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, а тоа значи повеќе поддршка од државата за домашната економија и компании и привлекување на странски директни инвестиции преку реформиран модел кој ќе биде привлечен за светски големи компании. По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги реализира мерките и проектите од кои најголема придобивка ќе имаат сите граѓани на Република Македонија. Следува сериозен економски раст и развој со проекти и мерките кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и економскиот тим ќе ги реализира, истакнуваат од партијата.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да создаде повеќе за секого во државата, додаваат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега