Николовски: По 60 години Штип добива нов мост, СДСМ останува посветен на развој на инфраструктурата

 

После повеќе од 60 години Штип и штипјани добија нов мост којшто значително ќе го подобри нивниот секојдневен живот, ќе ја олесни комуникацијата и патувањето, рече денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ во Штип.

„Со право овој мост е наречен Иднина затоа што развојот во инфраструктурата, инвестициите, унапредувањето на квалитетот на живот, тоа е иднината кон којашто се стремиме и за којашто работиме.

Покажавме и докажавме дека СДСМ гради, СДСМ поврзува, СДСМ обезбедува подобар живот за сите граѓани и во тоа успеваме.

Со нашите политики на централно и на локално ниво градиме мостови кои поврзуваат,  обединуваме, градиме мостови на иднината, мостови кои ги поврзуваат граѓаните, но ја поврзуваат и Северна Македонија со НАТО и ЕУ!

Ова е победа на посветеноста и работливоста наспроти деструктивноста и блокадите.

Му честитам на градоначалникот на Штип и на Советот за упорноста и посветеноста да се изгради oвој мост за толку краток временски период.

Денеска е убав и среќен ден и нека биде поттик и натаму да продолжиме да градиме и да работиме за подобра иднина на сите наш граѓани!“ рече Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега