СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги манипулираа најранливите категории, граѓаните денес знаат дека СДСМ навистина се грижи за нив

Извршителот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, предизборно им ветуваат работи што веќе се реализирани и остварени од страна на СДСМ во изминатите 2,5 години, велат во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
 
„Без идеја и програма се обидуваат да манипулираат со луѓето и изнесуваат неточни податоци за социјалната помош за најранливите категории граѓани, кои 11 години ги држеа на маргините. Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев во изминатите 2,5 години покажаа што значи вистинска грижа за граѓаните. Социјалната помош ја зголемивме за 300% од срамно ниските 3.000, на над 11.000 денари. Покажавме дека знаеме да се грижиме за сите и затоа продолжуваме и во наредниот мандат со мерки и политики кои го унапредуваат животот на сите граѓани“ стои во реакцијата.
 
Од таму велат дека во наредните 4 години ќе го зголемат опфатот на семејства, кои примаат гарантирана социјална помош на 34 илјади, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Семејствата со ниски приходи ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за градинка и со изградба на 777 социјални станови ќе им помгнеме да имаат сигурен дом.
 
„Особено внимание посветуваме на работниците и нивните права. Покажавме дека можеме и во изминатите 2,5 години ја покачивме минималната плата од 9.000 денари во 2017 година на сегашните 14.500, а во наредните 4 години ќе ја зголемиме на 18.000 денари. Просечната плата за само 2,5 години ја зголемивме за над 4.000 денари. Тоа е зголемување од  17,6% за две и пол години. Извршителот Мицкоски кој нема програма им ветува на граѓаните помалку од тоа што СДСМ го остварува!“ наведуваат во својата реакција од СДСМ.
 
Од партијата велат дека граѓаните знаат кој се задолжуваше за да гради лажен барок и жални врби, а не ги зголемуваше платите. Знаат кој ја покачи цената на електричната енергија за 100 отсто кој ги зголемуваше трошоците за живот
 
„Денес ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски нема што да понудат освен обнова на режимот и одбрана на криминалот. Затоа манипулираат со мерки кои веќе се спроведуваат или се дел од понудата на СДСМ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнето на 12 април, затоа што 11 години на власт не се грижеше за ранливите категории, а денес се грижи само за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници“ реагираат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега