Шкријељ во Петровец: Социјалната помош ја зголемивме во просек за 300%

Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ вечерва се сретна со жителите на Петровец со кои разговараше за регормите во социјалната заштита и владините мерки и програми кои ја поттикнуваат вработливоста  и ја намалуваат сиромаштијата, соопштуваат од партијата.  

Шкријељ на средбата со граѓаните истакнала дека Владата предводена од СДСМ изминатите две и пол години силно работеше на зајакнување на грижата на државата кон наранливите и обезбедување на подобри услови за живот.

-Искоренувањето на сиромаштијата посебно на детската сиромаштија е баш врвен приоритет, Со социјалната реформа во моментот речиси 33 илијади деца користат детски додаток, а 27 илјади семејства добиваат зголемена социјална помош. Со реформата ја намалуваме сиромаштиајта и 5.270 постари лица оствариле право на социјална пензија, рече Шкријељ.

Шкријељ во Петровец разговараше со граѓаните и за развој на социјалните услуги на локално ниво. Преку овие услуги треба да се подобри  квалитетот на животот на лицата со попреченост и на повозрасните лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега