Заев: Недела неработен ден за сите што сакаат да бидат со семејствата

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, најавувајќи нови мерки за следниот мандат, рече дека следен чекор на неговата трудова политика ќе биде воведувањето на недела како неработен за сите граѓани што сакаат да бидат со семејството, без при тоа да објасни за кои ситуации се однесува таквата мерка.

- Грижата за работниците и владеењето на работничките права продолжува со истиот тренд кој што е денеска веќе видлив. Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права. Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега